Управата за заштита на културното наследство (УЗКН), орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија, го претставува богатото македонско културно богатство во рамките на програмата за културен туризам, презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакралните споменици од среден век, како и природни богатства и градови.
Интересот за Македонија како туристичка дестинација е голем кај присутните на годинашниот саем за туризам во Лисабон кој беше отворен на 2 март. Внимание привлекуваат античките македонски градови, тврдини, базилики и црквите од раниот и полниот среден век.
– Македонското културно и природно наследство е една од најсилните алатки за нашето национално идентификување и легитимно право за рамноправно учество во меѓународната заедница на народите на земјината топка. Последните две години упорно и посветено го промовиравме културното и природното наследство на Република Македонија пред Европската публика на неколку реномирани културни собири во Италија и Франција. Оваа, трета година по ред, ги отвораме скапоцените трезори на македонското културно наследство на повеќе манифестации меѓу кои започнавме со Меѓународниот саем за туризам во Лисабон. Претставниците на над 300 земји од сите континенти и огромен број посетители од светот денес во Лисабон се интересираат за нашето македонско врвно предисториско, античко и средновековно културно наследство со кое малку земји во светот можат да се гордеат, вели Виктор Личиќ – Адамс, директорот на Управата за заштита на културното наследство.
Саемот, кој годишно го поседуваат над триесет илјади постетители, е поставен во Конгресната сала на Лисабон со површина од 32.000 метри квадратни. Станува збор за огромен настан со разновидна програма на која, покрај земјата домаќин, учествуваат земји од целиот свет. Изложувачите се распоредени во три сали и секоја сала е тематски определена.
Македонија се претставува во делот каде што свој простор имаат странските земји и ги претставуваат своите најубави туристички дестинации и културни богатства. Во овој дел изложуваат Австрија, Куба, Мексико, Мароко, Русија, Бугарија, Чиле, Јапонија, Кина, Шпанија, Италија, Тунис, Азарбејџан, САД, Ерменија, Чешка, Романија, Тајланд, Бразил, Андора, Доминиканска Република и многу други.
Покрај институции од сферата на културата и музеите, на саемот учествуваат и туристички агенции и светски познати компании и туроператори.
Управата за заштита на културното наследство на Саемот ги презентира публикации од културното наследство и природното богатство, меѓу кои и книгите: „Висока и Старо Бонче“ на проф. д-р Виктор Лилчиќ – Адамс и доц. д-р Антонио Јакимовски, „Цареви кули“ на м-р Зоран Рујак, „Скопско Кале“ на проф. д-р Драги Митревски, „Св. Пантелејмон од Нерези“ на проф. д-р Елизабета Димитрова, „Манастирот Зрзе“ на Дарко Николовски, „Шарената џамија“ од Тетово на м-р Зоран Павлов, „Стибера“ на Лилјана Кепеска и Костадин Кепески, „Хераклеја Линкестис“ на Аница Ѓорѓиевска и Енгин Насух, „Тетовско Кале“ на Љуљета Абази и „Скупи“ на Ленче Јованова.
На штандот на Република Македонија се поставени илустративни материјали од најубавите фрески, локалитети и природни богатства, потоа книгите од едицијата „Macedonia Timeless“ и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Негрижата на СДСМ за вистинското културно наследство дојде на виделина, се распаѓа куќата на Стале Попов
-
Валоризација на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново како културно наследство од посебно значење
-
Маргарита Плевнеш Петкоска, историчар на уметноста со археологија: Ја развиваме моториката, имагинативноста и креативноста на најмалите
-
Промовирано македонското издание на публикацијата ,,Бизнис план за рехабилитација на недвижни културни добра“