Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Грција мора со „брзина на светлината“ да поработи на создавање хумано сместување за бегалците.
Меркел во интервјуто за „Билд ам зонтаг“ рекла дека Грција кон крајот на минатата година требало да подготви сместување за 50.000 бегалци и дека мора брзо да го надомести загубеното време.
– Потребно е Грција да добие поголема поддршка од ЕУ за време на бегалската криза – рекла Меркел, наведувајќи дека тоа ќе биде една од главните теми на утрешниот самит на ЕУ во Брисел, пренесува АП.
Зборувајќи за Турција, Меркел рекла дека Анкара сака да понесе „праведен товар“ од бегалската криза.
– Ние минатата година примивме помалку од еден милион бегалци, а во 2014 година имаше околу 230.000. Турција од друга страна прими 2,5 милиони бегалци и сега со право вели дека сака таа задача да ја подели со Европа – наведува Меркел, пренесува турски Хуриет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.