Наполи ја прекина серијата од три меча без победа во Калчото и вечерва на домашен терен го совлада Киево со 3-1. Со овие три бода „наполитанците“ се израмнија на врвот на табелата со лидерот Јувентус со по 61 бод, но „старата дама“ утре ќе го одигра мечот од 28.коло во Серија А, гостувајќи кај Аталанта.
Киево прв дојде во водство во Неапол, со голот на Ригони во втората минута. Само четири минути подоцна Гонзало Игуаин израмни на 1-1, а до крајот на првиот дел домашниот тим стигна и до предност, со погодокот на Влад Кирикеш.
Каљехон во 70.минута го постави конечниот резултат на оваа средба, 3-1 во корист на Наполи.
Претходно, Сампдорија славеше на гостувањето кај Верона со 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.