| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Потро со вајлд – карта ќе настапува на Индијан Велс

del potro

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро, кој по 11 месеци се врати на терените од тешката повреда на зглобот на раката, ќе добие вајлд – карта за учество на турнирот во Индијан Велс. Организаторите одлучија да му дадат посебна покана на Дел Потро, кој сега е слаборангиран на АТП – листата, со оглед дека не настапуваше подолг период, бидејќи тој е и финалист на овој турнир од 2013 година.

Поранешниот тениски рекет број 4, Дел Потро, се надева дека повредата е минато и дека ќе влезе во посакуваниот ритам во најбрз можен рок.

– Неверојатно сум среќен што повторно играм тенис. Уживам во секој меч, во секој момент и се надевам дека така ќе остане и понатаму, а повредите конечно ќе ме заобиколат – изјави Хуан Мартин Дел Потро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top