| четврток, 6 декември 2018 |

Нов бизнис ангажман: Јелена Ѓоковиќ стана новинарка во сопствен неделник (фото)

Сопругата на Новак Ѓоковиќ се залага за промовирање на вистинските вредности и образование на младите поради што пред неколку месеци покренала магазин наменет токму намладата популација во Србија и целиот регион.

223620-serbian-tennis-player-novak-djokovic-and-his-girlfriend-jelena-ristic-34213

Таа на Инстаграм уште еднаш ги повторила целите за кои се залага што наиде на голема поддршка на нејзините следбеници кои не запираат да и упатуваат комплименти.

оригинал

-Поради големиот интерес ширум регионот „Оригинал“ можете да го купите на трафиките од дена и во Црна Гора, Република Српска, Словенија, Хрватска, Македонија или пак бесплатно да го преземете на неделник.рс.   со задолжителна регистрација. Се гордеам со мојот тим и на се она што можете да го прочитате во нашиот магазин. Се радувам што растеме и што луѓето не препознаваат и поддржуваат. Важо е секогаш да ги истакнуваме добрите примери и да им даваме приоритет. Еден мудар пријател ми кажа дека болеста треба да се игнорира  и да се третира како неканет гостин, па така и ќе си замине. Јас тоа го поврзав со лошите примери. Треба да се игнорираат, апозитивните да се истакнуваат. На тој начин кој и да посака да се најде во центарот на внимание ќе мора да прави добрини бидејќи тоа се општествените норми кои ги поставивме. Така мислиме и работиме во „Оригинал“. Значи бидете оригинални – напишала госпоѓата Ѓоковиќ до споделената фотографија од насловната страна на новиот број на нејзиниот магазин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top