| четврток, 6 декември 2018 |

Делата од колонијата „Карпино“ на изложба во Кочани

­ Во Ликовниот салон на Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа беше отворена ликовна изложба на дела од меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“ од Куманово. На отворањето присуствуваше и уметничкиот раководител на колонијата Мирослав Величковски, која зборуваше за инспирацијата на уметниците во создавањето на своите ликовни дела. ­ Досега во изминатите 13 години, на колонијата „Карпино“ учествуваа 150 уметници од Македонија, но и од речиси сите балкански држави и пошироко од Европа, кои оставија ликовни дела кои се во трајна вредност на Колонијата. На минатогодишната колонија учествуваа уметници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Унгарија кои создадоа 35 ликовни дела во повеќе видови техники. Во Кочани се изложени 25 дела работени во акрил на платно и комбинирана техника, истакна Зоран Павловски, претстедател на Здружението на граѓани Карпино, која е организатор на колонијата. На присутните им се обрати и Александра Димитрова, раководител на Секторот за визуелни уметности при Центарот во Кочани, која ја истакна соработката со колонијата „Карпино“ од Старо Нагоричане и најавата дека во наредните месеци ќе следуваат уште неколку изложби со дела од познати ликовни колонии кај нас, меѓу кои и од меѓународната ликовна колонија „Лесново 2015“ од Пробиштип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top