| четврток, 6 декември 2018 |

Трета изложба на макети и диорами

­ Третата изложба на макети и диорами, организирана од Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски ­ Микс“ вечер ќе биде отворена во Домот на АРМ во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени макети од борбени воздухоплови и оклопни возила, а посетителите ќе може да се информираат повеќе за макетите и начинот на нивната изработка. На изложбата ќе има гости од макетарскиот клуб „Олуј“ од Белград, макетарскиот клуб „Скејл модел клуб Бугарија” и макетарскиот клуб „Наредник Михајло Петровиќ“ од Ниш. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 6 март во периодот од 12 до 21 часот. Основна цел на првиот макетарски клуб во Република Македонија е промоција на макетарското хоби, како и подигнување на техничката култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top