| четврток, 6 декември 2018 |

„Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ на Пармаковска се занимава со специфицна и не многу позната тема

Во едицијата „ Иии-или“ на истоимениот издавач објавена е единаесеттата книга „Варијации на магичниот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од Фросина Пармаковска.

105a0de0-1ae7-49ed-a435-3cdf49325c3e

Книгата „Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од авторката Фросина Пармаковска се занимава со специфична и не толку позната тема кај нас која ја проследува појавата на магичнореалистичната нарација во светски и македонски рамки, нејзината концептуализација, варијабилност и типологизација. Поаѓајќи од историјатот на терминот магичен реализам, кој се појавува во раните дваесети години на минатиот век и паралелното и взаемно фигурирање на чудесното и реалното, се открива суштината на овој комплексен и суптилен феномен. Авторката се труди да го разјасни концептот на магичниот реализам преку неговите допирни релации со други блиски поетики и области (особено оние кои го имплицираат присуството на чудесно) како надреализмот и фантастиката. Посебно внимание му се посветува на присуството на реализмот во магичниот реализам, кој е  дефиниран како стремеж кон подобрување на реалистичната нарација…

„Варијации на магичнот реализам во светскиот и македонскиот роман“ од Фросина Пармаковска  претставува успешен обид за доближување на концептот на магичнореалистичната нарација на македонската научна јавност. Посебен придонес претставува,  предложената  сопствена систематизација и типологизација, која говори за една прецизност, акрибичност и посветеност на материјата која се обработува, вели д-р Јасмина Мојсиева-Гушева која е рецензент на книгата.

Фросина Пармаковска (1985) дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, културолошки студии. Ги има објавено романите„ Пишувајќи ги изгубените топки“ ( Култура, 2013) и „ Вишнова хроника“ ( ИЛИ-ИЛИ, 2014) со кој влегува во финалниот избор за наградата „ Роман на годината“ на „Утрински весник“ и е преведен на бугарски и украински јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top