| четврток, 6 декември 2018 |

Проф. Пецов – синоним за пронаоѓање таленти

Интервју со Димитар Пецов - човекот кој ја скрои кавадаречката кошаркарска лоза и воедно еден од најпознатите спортски работници во земјава, објавено во 24-от број на неделникот „Република“ (15 февруари 2013)

Dimitar-Pecov-1

Ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци Вр­би­ца Сте­фа­нов, То­дор Ге­чев­ски, Го­ран Са­мар­џи­ев и Ри­сте Сте­фа­нов се из­ле­зе­ни од ед­на ра­бо­тил­ни­ца, од ед­на шко­ла, ко­ја ја из­мис­ли и дол­го ја во­де­ше Ди­ми­тар Пе­цов.

 

Се од­ѕи­ва на про­фе­со­ре и си­те, не са­мо во цен­трал­ни­от дел од зем­ја­ва што, ба­рем мал­ку се ин­вол­ви­ра­ни во ко­шар­ка­та и во ра­ко­ме­тот, точ­но зна­ат да пре­ци­зи­ра­ат за ко­го ста­ну­ва збор. Мо­же­би за­тоа што Ди­ми­тар Пе­цов бе­ше ме­ѓу пр­ви­те во Ти­кве­шко што за­вр­ши ФФК, мо­же­би за­тоа што сѐ што се слу­чу­ва­ше во Ка­ва­дар­ци, а бе­ше по­вр­за­но со еки­пен спорт, бе­ше нај­тес­но вр­за­но за не­го, а мо­же­би и по­ра­ди не­го­ви­от ка­ра­ктер, кој ед­но­став­но прив­ле­ку­ва, јас­но е кој од­го­ва­ра на про­фи­лот. И во пет­та­та де­це­ни­ја при­сус­тво во спор­тот, Ди­ме е си­но­ним за соз­да­вач на свет­ски ко­шар­кар­ски ѕвез­ди. Ако сте учес­тву­ва­ле во прив­ле­ку­ва­ње, ако сте ги на­со­чи­ле и сте им ги по­ка­жа­ле пр­ви­те че­ко­ри на Вр­би­ца Сте­фа­нов, То­дор Ге­чев­ски. Го­ран Са­мар­џи­ев и Ри­сте Сте­фа­нов, тоа ве пра­ви струч­њак пар ексе­ланс.

– Ми пра­ват чест и тоа ме пра­ви не­из­мер­но сре­ќен. Со си­те на­ши ка­ва­да­реч­ки ѕвез­ди оста­нав бли­зок, што се дол­жи на со­ра­бо­тка­та од не­ко­гаш, но и на тоа што тие се из­во­нред­ни лу­ѓе, кои зна­ат да це­нат, да по­чи­ту­ва­ат. Ме­не, пак, ми е ми­ло ко­га ќе ви­дам што сѐ на­пра­вив за нив и ка­ко тие на­у­че­но­то по­тоа го спро­ве­доа во свет­ска ка­ри­е­ра – ве­ли Пе­цов.

Dimitar-Pecov-2

Ја скрои кавадаречката кошаркарска лозаПрофесор Димитар Пецов

Брз, се­ко­гаш рас­по­ло­жен за раз­го­вор, отво­рен и бе­ском­про­ми­сен ко­га ста­ну­ва збор за до­бро­то на на­ши­от спорт. Та­ков е про­фе­со­рот. Има 67 го­ди­ни, ви­стин­ски, ти­пи­чен изра­сток на Ти­кве­шко, со не­што по­и­зра­зе­но „Ч“ и со по­сто­јан ин­те­рес за до­бра друж­ба.

Мал­ку во Ниш, мал­ку во Скоп­је уште во 1967 го­ди­на за­вр­ши Фа­кул­тет за фи­зич­ка кул­ту­ра. Во сред­но­то училиште „Јо­сип Броз Ти­то“ или по но­во „До­бри Да­ска­лов“ ­ми­на 40 го­ди­ни и се­то тоа ис­преп­ле­те­но со нај­важ­ни­от спорт­ски ко­ле­ктив во цен­трал­на Ма­ке­до­ни­ја, Ти­квеш. Ка­ко нај­о­бра­зо­ван му ги оста­ви­ја во над­леж­ност и ра­ко­ме­тот и ко­шар­ка­та. И дол­го ги те­ра­ше две­те, но иа­ко по­чи­ту­ван и во две­те деј­но­сти, ќе оста­не за­па­ме­тен по кре­а­ци­ја­та во кра­ли­ца­та на игри­те, кошарката. Не­кои при­се­ту­ва­ња се важ­ни за си­те.

– Вр­ба (Сте­фа­нов з.а) бе­ше би­сер над би­се­ри­те и тоа не са­мо за ко­шар­ка, но за­тоа што е мно­гу че­сен и пра­ве­ден че­сто зна­е­ше да се на­лу­ти, да изре­а­ги­ра. Мно­гу ма­ка ви­дов­ме на по­че­ток да го за­др­жи­ме, да му овоз­мо­жи­ме та­лен­тот што го има­ше да исп­ли­ва. Ед­наш бе­ше во МЗТ Скоп­је ама го вра­тив­ме по­ра­ди не­ре­гу­лар­но­сти во до­го­во­рот, а по­тоа за­ми­на во Ра­бот­нич­ки – се по­тсе­ту­ва Пе­цов со за­бе­ле­шка де­ка и ден де­нес не му е јас­но ка­ко Вр­би­ца Сте­фа­нов бе­ше про­да­ден за „ед­на па­ти­ка“.

Dimitar-Pecov-5

Со Тодор Гечевски, Ристе Стефанов, Никола Златев, Горан Самарџиев и Врбица Стефанов

И еден од нај­до­бри­те во на­ша­та спорт­ска ан­то­ло­ги­ја и дру­ги­те трој­ца се дел од шко­ла­та на Ти­квеш иа­ко про­фе­со­рот дол­го па­ра­лел­но ра­бо­те­ше и во Гим­на­зи­ја­лец. Ко­га сво­ја­та шко­ла ја на­пра­ви тол­ку сил­на што поч­на да го по­бе­ду­ва и по­го­ле­ми­от брат, гра­дот, та­му не­ка­де во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, без­ус­лов­но до­не­се од­лу­ка да ра­бо­ти са­мо во Ти­квеш.

– То­ше (Ге­чев­ски з.а) де­би­ти­ра­ше во пр­ви­от тим на 16 го­ди­ни. Си­те ми ве­леа де­ка е ра­но, но јас бев упо­рен. По­тоа сѐ се знае. И ден де­нес сме од­лич­ни, бли­ски. Ко­га игра­ше во Со­лун за ПАОК со та­тко му бев да го гле­дам 22 па­ти. Ко­га до­а­ѓа на кра­тко, пи­е­ме ка­фе, ко­га има по­ве­ќе вре­ме се знае, на езе­ро, а тоа зна­чи ри­ба­ре­ње. Си­те зна­ат де­ка То­ше са­ка ри­бо­лов, но мо­рам да ви откри­јам де­ка тој е, на­ви­сти­на, од­ли­чен ри­бар – во еден здив рас­ка­жу­ва про­фе­со­рот. Не крие де­ка се­кој сло­бо­ден мо­мент го ко­ри­сти на сво­ја­та ви­кен­дич­ка на бре­гот на Ти­кве­шко Езе­ро.

Dimitar-Pecov-6

Ги поврзува кошарката и риболовот: Пецов и Гечевски

Од квар­те­тот, двај­ца не ги до­стиг­наа ви­со­чи­ни­те на Вр­би­ца Сте­фа­нов и на Ге­чев­ски, но тоа не е по­ра­ди отсус­тво­то на та­лент или ло­ша ра­бо­та од стра­на на нив­ни­от прв тре­нер, ту­ку по­ра­ди окол­но­сти­те.

– Са­мар­џи­ев ми е ку­ма­шин­че и твр­дам де­ка ако не беа по­вре­ди­те ќе бе­ше свет­ска кла­са. По­крај огром­но­то зна­е­ње тој, ка­ко и То­ше, има ед­на цр­та да обе­ди­ну­ва. Го има­те не­го во еки­па­та и не ви тре­ба тре­нер. Што се од­не­су­ва до Ри­сте Сте­фа­нов, си­гу­рен сум де­ка тоа што му се слу­чи е за­тоа што е прем­но­гу до­бро мом­че. Убе­ден сум де­ка го на­ме­сти­ја во Гр­ци­ја – го из­не­су­ва Ди­ме сво­е­то ви­ду­ва­ње за ми­на­то­го­диш­на­та сус­пен­зи­ја на по­ра­неш­ни­от ре­пре­зен­та­ти­вец.

Не­ма ан­та­го­ни­зам кон Скоп­је

Ни­е­ден спорт­ски на­стан во Ка­ва­дар­ци не мо­же да по­ми­не без про­фе­со­рот Ди­ми­тар Пе­цов. Би­деј­ќи ко­шар­ка­та е нај­важ­на во гра­дот во пос­лед­ни­те го­ди­ни, че­сто во са­ла­та Јас­мин го сле­дев­ма ка­ко бур­но ре­а­ги­ра на нат­пре­ва­ри­те, кои, по де­фи­ни­ци­ја, зна­чат прес­ме­тка на Фе­ни и на скоп­ја­ни.
– Кај ме­не не­ма ан­та­го­ни­зам кон глав­ни­от град или кон спор­ти­сти­те што до­а­ѓа­ат од Скоп­је. Впро­чем, ко­га ќе сед­нам на ка­фе во чар­ши­ја­та (си­те го­сти та­ка го ос­ло­ву­ва­ат цен­трал­но­то град­ско по­драч­је з.а) не­ма пет ми­ну­ти, а да не се поз­дра­вам со не­ко­го. Си­те тие ми се при­ја­те­ли од те­рен и јас сум мно­гу горд на тоа – ве­ли Ди­ми­тар Пе­цов.

Dimitar-Pecov-4

Респектиран и од светските легенди: Пецов со српскиот легендарен тренер Душан Дуда Ивковиќ

Ди­ми­тар во не­кол­ку на­вра­ти бе­ше по­мош­ник во на­ши­те се­лек­ции, и ма­шки и жен­ски, а во два ман­да­та бе­ше и во УО на МКФ. Ќе оста­не за­па­ме­тен ка­ко единс­твен што не е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, пре­ми­ер или ба­рем пре­тсе­да­тел на МКФ, кој до­де­лил пе­хар во ку­пот на Ма­ке­до­ни­ја (1998 го­ди­на во фи­на­ле­то во Ка­ва­дар­ци: Ра­бот­нич­ки – Ор­ка 80-78). Бе­ше при­ја­тел, со­ра­бот­ник со по­ве­ќе ме­це­ни, кои ги во­деа и спон­зо­ри­раа еки­пи­те на Ти­квеш, но ни­ко­гаш од ни­ко­го не зе­де, не се офај­ди и се­ко­гаш во пре­ден план му беа де­ца­та.

– Ко­га Ор­це Кам­чев бе­ше кај нас да­ва­ше кол­ку што тре­ба и не тре­ба. Ми ве­ли оди зе­ми за си­те и за те­бе, а јас, што ќе тре­ба за пр­ви­от тим од­во­ју­вав, ама не ги за­бо­ра­вав и пом­ла­ди­те. Има­ше мож­но­сти да но­сам сме­тки, да ќа­рам на сит­но, но ни­ко­гаш ни­што не зе­дов. Мо­же­би и за­тоа дој­дов во си­ту­а­ци­ја да имам тол­ку при­ја­те­ли, а мал­ку му­а­бе­ти зад грб – ве­ли за крај про­фе­со­рот Ди­ми­тар Пе­цов. По­ве­ќе од зас­лу­же­но низ го­ди­ни­те ја заслужи на­ша­та по­чит и ста­ту­сот нај­го­лем про­на­о­ѓач на ко­шар­кар­ски та­лен­ти што е не­го­ва гор­дост, но и гор­дост на со­пру­га­та Бла­ги­ца, ќер­ка­та Со­фи­ја и на си­нот Тим­чо, кој ус­пеш­но го нас­ле­ди та­тко­то во тре­нер­ски­от за­на­ет.

Разговараше: Перо Момировски – Р.С.Р.
Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top