Изложба на уметницата Андријана Мациев на 3 март (четврток) во Галеријата Бада Бум, во Безистенот, во Старата Скопска Чаршија.
Изложбата на Мациев во Галеријата Бада Бум, ќе биде отворена со почеток во 20:00 часот.
– Андријана Мациев, овојпат подарува грст радости спакувани во црвено. Концепт со чист хроматски опсег кој потсеќа на неизвесна есен… Навидум егзекутиран поентилистички крик, но секако силно звучен графички израз… Визуелно дивергентни, длабински осмислени секвенци кои раскажуваат за еден сон. Нејзината судбина трагајќи по отелотворување на мечтите и подарува пат, лавиринт , наречен живот во бои. И тогаш, кога ќе помислиме дека светот е црно-бел, таа смело ни открива една вистина…маѓепсува со зачинети колористички изјави, потсетувајќи не дека светот е убав. Делата на Мациев пленат со својата радост, раскажуваат за љубовта, безгрижно танцуваат низ патувањето наречено живот, вели за авторката уметникот и куратор на изложбата, Мирјана Крстева Массетти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.