| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате на Моника Левински? Погледнете како изгледа по 18 години, блескаше на забавата на Оскарите

Моника Левински не беше меѓу ниминираните за Оскар, но не ја пропушти можноста со холивудските ѕвезди да се забавува на една од многубројните забави по свечената церемонија.

Традиционалната афтер парти која ја организира „Венити фер“ го собра кремот на Холивуд, но и Моника Левински, која заблеска во елегантен црн фустан.

ad3bfaff4aace4e9f9d2c05ab3ca4b9d

Таа сега е еден од уредниците на магазинот за кој во јуни 2014 напиша голема исповед за својата афера со Бил Клинтон. Моника сега има 42 години, успеа да го надмине скандалот и повторно да ја придвижи својата кариера. А и изгледа подобро од било кога.

Во 1998 година беше откриено дека тогашниот претседател Бил Клинтон имал афера со секретарката на Белата куќа. Тој најпрвин ги негираше наводите, но подоцна призна дека ја изневерувал сопругата со Моника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top