| четврток, 6 декември 2018 |

Поубава и посилна од кога било – Моника Левински, најосрамотената жена на 20 век!

monika
Бројните сексистички испади на Доналд Трамп, како и фактот што и после сè, тој е избран за претседател на САД, многумина ги потсети на големата афера којашто кон крајот на 90-тите години буквално го раздрма целиот свет.

Секако, станува збор за аферата на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, сопругот на несудената претседателка Хилари, којашто ја имал со тогаш младата приправничка Моника Левински. Тоа беше и остана една од најголемите афери во американската историја, воопшто, а светот тие недели и месеци исклучително будно ја следеше аферата на столетието.

Левински во Белата куќа дошла откако во 1995 година завршила психологија. Тогаш, со само 20 години, го запознала американскиот претседател со којшто ќе влезе во краткотрајна афера. А аферата дошла до јавноста бидејќи американските власти дошле до Моника Левински трагајќи за еден друг случај. Целата приказна потоа експлодирала, а Левински, којашто била на прагот на 20-те, се нашла на стапката на срамот.
-Немав сексуална врска со таа жена – изјави тогаш Бил Клинтон, а тоа ќе остане и воопшто една од најпознатите изјави од неговиот двоен мандат. И една од најголемите лаги. Левински подоцна ќе признае дека имале орален секс.

Левински после скандалот се повлече од јавноста којашто често покажуваше кон неа со прст. Во јавноста делумно ќе се врати дури после неколку години.
– Свесна сум за тоа како ме гледаат луѓето. Во мојот случај, времето и не лечи сосема сè. Во очите на јавноста засекогаш ќе останам именувана како љубовницата на Бил Клинтон – признала Левински неодамна во интервјуто за „Гардијан“.
– Какви грешки и да направив, сепак мора да кажам дека ме напуштија многу блиски луѓе и ме нападнаа многу гласни феминистки – додала таа.

Признала и дека во тие години дури размислувала и за самоубиство.
– Имав чувство дека секој дел од мојата кожа и мојот идентитет е буквално соголен од мене во тие години, се сеќава Левински.
– Ме нарекуваа глупава и проститутка. Беше навистина страшно да се биде во средиштето на целиот тој медиумски вртлог. Многу од тоа имаше врска со тоа што сум жена. Секако, шефот ме искористи, но секогаш ќе тврди дека се работело за врска за којашто и двајцата сме биле согласни. Злоставувањето продолжи понатаму, кога станав жртва во обид да се сочува неговата позиција. Неговата администрација, медиумите и политичарите буквално ме жигосаа – тврди Левински.

monika2

Но, Левински во последните неколку години одлучила да сврти нова страница во својот живот. Наместо да бега од минатото и стравовите, одлучила да ги прифати и да живее со нив. Станала борец за човекови права и учествува во работата на многу организации коишто ги штитат луѓето од вербално и психичко насилство.

Во едно телевизиско интервју непосредно пред изборите, Левински и изјавила што точно ја поттикнало да започне со хуманитарна работа. Таа вели дека била погодена од самоубиството на еден студент од 2010-та година, којшто преку интернет го малтретирале неговите колеги. Тоа ја потсетило на спорната 1998-ма година и нејзината мајка којашто секоја вечер седела крај нејзиниот кревет бидејќи се плашела да ја остави сама.
Во истата емисија водителот ја запрашал и за кампањата на Хилари Клинтон, којашто тогаш била во полн ек.
– Мислам дека е прекрасно за жените да се борат за повисоки позиции, кратко искоментирала Левински. Нејзиното враќање во јавниот живот означи и доаѓање на друштвените мрежи, особено на Twitter, кадешто ја следат 130.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top