| четврток, 6 декември 2018 |

Внукот на Тито живее на просјачки стап

Јосип Јошка Броз, внукот на поранешниот претседател на СФРЈ во интервју за српски медиуми зборува за тешката финансиска ситуација во која се наоѓа. Јошка Броз откри дека никогаш не бил во потешки ситуација бидејќи во моментов живее од пензија од само 18 илјади динари (145 евра).

-Живеам како морам. Во станот не пуштам греење, се возам со автобус, луѓето ме честат, ме викаат на ручек, а мене дневно не ми требаат пет оброци, доволен е и еден. Но, кого воопшто го интересира тоа што сега живеам како куче – изјави Броз.

Јошка истакна дека живее од 18 илјади динари од кои на својата 10 годишна ќерка и плаќа алиментација од 2.800 динари за часови по француски бидејќи како што самиот изјави неговата поранешна жена „се продала“.

Инаку, Јосип Јошка Броз е лидер на Комунистичката партија на Србија со која има намера да излезе на наредните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top