| четврток, 6 декември 2018 |

Трето издание на изложбата „Османлиски културни белези во Македонија“

На 3-ти март со почеток во 19.00 часот во Чифте Амам ќе се одржи свечено отварање на третото издание на изложбата „ Османлиски културни белези во Македонија“.

Изложбата со претходните две изданија во 2014 и 2015 година беше проследена со огромен интерес од љубителите на уметноста.

На изложбата ќе се прикажат музејски предмети- експонати, фотографии и документи од разни градови на Македонија.

– Со оваа изложба ќе имаме можност да сведочиме за белезите на отоманската уметност и естетика кои се проширени низ сите краиште на земјава, вели организаторот Институтот „Јунус Емре“.

Изложбата ќе биде отворена до 13-ти март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top