Во четврток, 3-ти март, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди.
„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година.
Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.
Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили.
Диригент е Иван Еминовиќ, настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.