| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за филм финансиски поддржа три домашни сценарија

Агенцијата за филм на Република Македонија донесе одлука за финансирање три проекти за пишување домашни сценарија и тоа „Сестра“, поднесена од Дина Дума, „Адела, Новинар“,поднесена од Елеонора Венинова и  „Сами“, проект поднесен од Драгана Лукан Николовски.
На конкурсот на Агенцијата за филм објавен во ноември лани биле пријавени вкупно седум проекти. Како што информира Агенцијата, седумте пријавени проекти, односно идеи за сценарија во период од трети до петти декември во Скопје се развивале во рамките на работилница предводена од меѓународениот експерт Кристијан Рут од организацијата „Скрипттест“ (ScripTeast).

Целта за ваквиот начин на поставување на конкурсот беше учесниците да ги развијат своите идеи со концепт кој ќе биде одржлив за понатамошна поддршка од страна на Креативна Европа во потпрограмата- МЕДИА. Во текот на работилницата меѓународниот експерт работеше на развојот на седумте идеи за долгометражен филм пријавени на конкурс. По завршување на развојот на идејата, односно по доставување на нови тритменти работени согласно неговите насоки, меѓународниот експерт ги идентификуваше горенаведените три идеи дека имаат најголем потенцијал да се развијат во сценарио кое ќе биде одржливо за поддршка на потпрограмата- МЕДИА и да биде прифатено од поширока публика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top