Манчестер Сити не сака по ниту еден основ да го загуби најдобриот фудбалер во своите редови аргентинецот Серхио Агуеро.
Тој е многу блиску до потпишување на нов договор вреден 250.000 фунти неделно до 2020 година. Ова е покачување од 30.000 фунти неделно, што ќе го направи најплатениот фудбалер во историјата на „граѓаните“.
Сезонава во дресот на Сити одигра 24 натпревари во сите конкуренции и има постигнато 17 голови, а во Премиерлигата има одличен ефект од 18 натпревари и 14 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.