| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Цветановски: Кој е ма­ке­дон­ски­от ју­нак што ќе нѐ спа­си од зме­јот?

При­каз­на­та во тек­стот се слу­чу­ва во ед­на до­ли­на, во ед­но се­ло, ка­де што сѐ е мно­гу нор­мал­но. Но, до­а­ѓа еден змеј, ја за­зе­ма клу­су­ра­та, ко­ја е единс­тве­ни­от пат за из­лез од до­ли­на­та. Кра­ле Мар­ко е вла­де­тел на до­ли­на­та и ги со­би­ра ју­на­ци­те за еден пос­ле­ден, ју­нач­ки под­виг про­тив зме­јот...

И да не го поз­на­ва­те лич­но, не мо­же да не ја за­бе­ле­жи­те не­ве­ро­јат­на фи­зич­ка слич­ност со не­го­ви­от пре­ра­но по­чи­на­ти­от та­тко, Вла­де Цве­та­нов­ски. Гри­ма­си­те, на­чи­нот на збо­ру­ва­ње, ин­тер­пре­та­ци­ја­та на ка­жа­но­то. Ан­дреј Цве­та­нов­ски е рас­тен и по­рас­нат со те­а­та­рот, та­ка што и не­мал го­лем из­бор за сво­ја­та ид­на про­фе­си­ја. Во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, ка­де што е тој умет­нич­ки ра­ко­во­ди­тел, на го­ле­ма­та сце­на на Драм­ски те­а­тар е во саботата на 13 април беше пре­ми­е­ра­та на „Лет над кан­ди­дат­ско­то гнез­до“ од ма­ке­дон­ски­от пи­са­тел Бла­же Ми­нев­ски, а во ре­жи­ја на Цве­та­нов­ски. Актер­ска­та еки­па ја со­чи­ну­ва­ат: Дра­ган Спа­сов-Дац, Ва­лен­тин Ко­ста­ди­нов­ски-Ти­но, Жар­ко Ди­мо­ски, Кри­сти­на Ла­сов­ска, Кр­сте Јо­ва­нов­ски, Ата­нас Ата­на­сов­ски, Та­ња Миц­ков, Или­ја Или­о­ски, Ед­монд Со­тир, Ни­на Де­ан и Сте­фан Вуј­сиќ. Ка­ко и се­кој ре­жи­сер, та­ка и кај не­го пос­лед­ни­те де­но­ви пред пре­ми­е­ра­та се нај­стрес­ни, но раз­го­во­рот што го во­дев­ме не­по­сред­но пред пре­ми­е­ра­та по­ми­на во ре­ла­кси­ра­на ат­мо­сфе­ра. Збо­ру­вав­ме за прет­ста­ва­та, за та­тко му Вла­де и за тоа што го на­у­чил за жи­во­тот и за те­а­та­рот, за искус­тво­то да се ра­бо­ти во Охрид и во Скоп­је, за ма­ке­дон­ски­те хе­рои, за искус­тво­то од ра­бо­та­та со Дра­ган Спа­сов – Дац…

Овој разговор со Цветановски излезе во неделникот „Република“ во 32. број печатен на 12 април

andrej-cvetanovski02

Де­ми­сти­фи­ка­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род, исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја

При­каз­на­та во тек­стот се слу­чу­ва во ед­на до­ли­на, во ед­но се­ло, ка­де што сѐ е мно­гу нор­мал­но. Но, до­а­ѓа еден змеј, ја за­зе­ма клу­су­ра­та, ко­ја е единс­тве­ни­от пат за из­лез од до­ли­на­та. Кра­ле Мар­ко е вла­де­тел на до­ли­на­та и ги со­би­ра ју­на­ци­те за еден пос­ле­ден, ју­нач­ки под­виг про­тив зме­јот…

– „Лет на кан­ди­дат­ско­то гнез­до“ е текст на ре­но­ми­ра­ни­от ма­ке­дон­ски пи­са­тел Бла­же Ми­нев­ски и тоа што тој го но­си ка­ко те­ма во не­го­ви­те дра­ми е де­ми­сти­фи­ка­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род и на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја. Тоа е тоа што ме зав­ле­че во овој текст. Ед­но­став­но, ме зграп­чи! Тој збо­ру­ва за пре­ис­пи­ту­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от хе­ро­и­зам, на ма­ке­дон­ски­те ју­на­ци, на на­ши­те су­пер­хе­рои ка­ко што се Кра­ле Мар­ко, Де­те Го­ло­ме­ше, Пав­ле Пле­ти­ко­са – об­јас­ну­ва Цве­те­нов­ски зо­што го од­брал тек­стот на Ми­нев­ски.

Спо­ред Цве­та­нов­ски, Ми­нев­ски во дра­ма­та ну­ди ед­на но­ва, мла­да, пост­мо­дер­на вер­зи­ја на на­ши­те ју­на­ци.

– Тоа е тоа што ме зграп­чи да го ра­бо­там овој текст. Се­ко­гаш е уба­во ко­га се ра­бо­тат ма­ке­дон­ски тек­сто­ви со жив автор. Авто­рот е ту­ка за су­ге­стии, до­пи­шу­ва­ње сце­ни, ди­ја­ло­зи. Ед­но­став­но, до­би­ва­те уште еден со­ра­бот­ник што во­о­би­ча­е­но го не­ма­те – рас­ка­жу­ва Цве­те­нов­ски за со­ра­бо­тка­та со Ми­нев­ски до­де­ка се под­го­тву­ва­ла прет­ста­ва­та.

Ко­га раз­го­ва­рав­ме за тоа кои се не­го­ви­те ју­на­ци и ка­ко изг­ле­да­ат, Цве­та­нов­ски ве­ли де­ка ју­на­ци­те на ма­ке­дон­ска­та тра­ди­ци­ја во си­те пес­ни, во си­те при­каз­ни се бо­е­ми, фи­зич­ки го­ле­ми, ши­ро­ки, ви­со­ки, со го­ле­ми боз­до­га­ни, пи­јат две оки ви­но и на де­сет де­на уби­ва­ат по еден Тур­чин.

– Да­ли е тоа до­вол­но во овој свет во кој се­га жи­ве­е­ме, тоа гле­да­чи­те ќе мо­ра да го ви­дат во прет­ста­ва­та. Да­ли тие ју­на­ци би функ­ци­о­ни­ра­ле ка­ко ју­на­ци во де­неш­но вре­ме? Во де­неш­ни­на­та, не ве­ру­вам, би­деј­ќи ствар­но­ста во ко­ја жи­ве­е­ме ба­ра ед­но по­бр­зо тем­по, мно­гу по­ве­ќе ак­ци­ја, мно­гу по­ве­ќе де­ла, а по­мал­ку ре­ми­нис­цен­ции на ми­на­то­то, по­мал­ку раз­го­ва­ра­ње за тоа ка­ко ќе би­де по­тоа. Важ­но е се­га, ту­ка, во мо­мен­тов, што се слу­чу­ва и што пра­ви­ме да го по­до­бри­ме тоа. Овие ју­на­ци не се та­кви – ве­ли Цве­та­нов­ски.

andrej-cvetanovski01

Тој ве­ли де­ка пос­лед­ни­те че­ти­ри-пет де­на пред пре­ми­е­ра­та се нај­те­шки за ре­жи­се­рот.

– То­гаш има најм­но­гу тре­ма. Но, во мо­мен­тот ко­га поч­ну­ва прет­ста­ва­та, на­ша­та ра­бо­та е за­вр­ше­на. По­на­та­му ни­што не мо­же­ме. Тоа е тоа што сме го ра­бо­те­ле. Прет­ста­ва­та е ре­зул­тат на тоа што сме го ра­бо­те­ле, на тој про­стор, во тие ус­ло­ви, сме про­ба­ле да го до­стиг­не­ме ма­кси­му­мот и тоа да го из­ва­ди­ме на пре­ми­е­ра. Ка­ко ќе би­де, не знам – ве­ли Цве­та­нов­ски пред утреш­на­та пре­ми­е­ра во 20 ча­сот.

Дац: Со­ра­бо­тка­та со Ан­дреј и со еки­па­та ме подм­ла­ди

Цве­та­нов­ски дип­ло­ми­ра­ше на Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти ЕСРА во Скоп­је во 2011 го­ди­на. За вре­ме на сту­ди­и­те ра­бо­те­ше на про­е­ктот на Град­ски­от те­а­тар, „Пра­зен град“ од Де­јан Ду­ков­ски. Дип­ло­ми­ра­ше со прет­ста­ва­та „Са­ли­е­ри“ спо­ред Пи­тер Ше­фер, ко­ја по­доц­на се игра­ше на ре­пер­то­а­рот на МНТ. Ја има­ше че­ста да ја ра­бо­ти прет­ста­ва­та со ко­ја се отво­ри На­ро­ден те­а­тар во Охрид, „Ме­та­мор­фо­зи“ од Ови­диј. Со­ра­бо­тка­та со На­род­ни­от те­а­тар од Охрид про­дол­жи и на прет­ста­ви­те „Ај да си ре­чи­ме уште ед­на“ и „По­ли­цај­ци“ спо­ред Сла­во­мир Мро­жек. За­ед­но со уште че­тво­ри­ца мла­ди ре­жи­се­ри ра­бо­теа на за­ед­нич­ки про­ект во Драм­ски те­а­тар, на прет­ста­ва­та „Вр­те­ле­шка“ од Ар­тур Шниц­лер.

2

– Ре­жи­сер­ка ка­ри­е­ра ја поч­нав во Охрид. Та­му поч­нав да ра­бо­там ко­га се отво­ри На­род­ни­от те­а­тар во Охрид со прет­ста­ва­та „Ме­та­мор­фо­зис“. Мно­гу е уба­во ко­га ра­бо­ти­те со но­ва еки­па, нов ан­самбл, би­деј­ќи то­гаш се соз­да­ва ед­но но­ва енер­ги­ја. Исто­то чув­ство го имам и ов­де, во Скоп­је, во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. И овој те­а­тар е нов, има мла­ди акте­ри, мла­ди со­ра­бот­ни­ци, мно­гу ен­ту­зи­ја­зам и мно­гу елан за ра­бо­та. Тоа е се­ко­гаш мно­гу уба­во. Во Скоп­је при­ти­со­кот е, мо­же­би, по­го­лем би­деј­ќи во мо­мен­тов сум и умет­нич­ки ра­ко­во­ди­тел на те­а­та­рот – рас­ка­жу­ва Цве­та­нов­ски за искус­тво­то со охрид­ски­те акте­ри.

А, за ра­бо­та­та со еки­па­та од Те­а­тар Ко­ме­ди­ја Цве­та­нов­ски ја наг­ла­су­ва нив­на­та мла­дост.

– Еки­па­та е пре­теж­но мла­да, лу­ѓе што се мо­ја ге­не­ра­ци­ја и не­кол­ку искус­ни игра­чи ка­ко Дра­ган Спа­сов – Дац и Кр­сте Јо­ва­нов­ски. Дац ја тол­ку­ва глав­на­та уло­га, уло­га­та на Кра­ле Мар­ко и тој е наш го­стин во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја. Дру­ги­те се од до­маш­ни­от те­а­тар. Имав­ме од­лич­на со­ра­бо­тка. Ед­но­став­но, мно­гу е уба­во ко­га со мла­ди лу­ѓе вле­гу­ваш во еден про­цес, лу­ѓе што мис­лат слич­но на те­бе, ко­га имаш со­бор­ци во пра­ве­ње­то прет­ста­ва. А, Дац е ед­но го­ле­мо де­те, чиј­што дух е пом­лад од си­те нас и по­бу­да­ла од си­те нас. Со­ра­бо­тка­та веч­но ќе ја пам­там. Ка­ко автор, мно­гу ра­бо­ти изв­ле­ков од не­го и на­у­чив мно­гу ра­бо­ти од не­го. Мис­лам де­ка и це­ла­та еки­па уче­ше од не­го. Ова е мла­да еки­па, ко­ја ла­вов­ски се бо­ри за се­ко­ја прет­ста­ва, за се­ко­ја про­ба, из­вед­ба и тоа е тоа што е нај­го­ле­ми­от плус на Те­а­тар Ко­ме­ди­ја и, се раз­би­ра, ква­ли­те­тот на прет­ста­ви­те што се соз­да­ва­ле до­се­га и кои ќе се соз­да­ва­ат и по­на­та­му – ве­ли Цве­та­нов­ски за со­ра­бо­тка­та со еки­па­та на прет­ста­ва­та.

04

А Дац, пак, е мно­гу за­до­во­лен што со­ра­бо­ту­ва со си­нот на Вла­до Цве­та­нов­ски, не­го­ви­от про­фе­сор со ко­го поч­нал да ра­бо­ти на по­че­то­кот на сво­ја­та ка­ри­е­ра.

– Се­га не­го­ви­от син, Ан­дреј Цве­та­нов­ски, поч­на да ра­бо­ти со ме­не. Со­ра­бо­тка­та, пред сѐ, со Ан­дреј и со це­ла­та мла­да еки­па од Те­а­тар Ко­ме­ди­ја пр­во ме подм­ла­ди, а вто­ро ме из­мо­ри за­тоа што не сум млад ка­ко нив. Имав­ме еден те­жок про­цес на ра­бо­та на кој би се за­мис­ли­ле и мно­гу по­и­скус­ни ре­жи­се­ри за­тоа што ва­ков про­цес на соз­да­ва­ње прет­ста­ва од ети­ди е мно­гу те­шка и ма­ко­трп­на ра­бо­та. Мис­лам де­ка оваа прет­ста­ва ќе се игра мно­гу, а со са­мо­то тоа зна­чи и де­ка ќе би­де гле­да­на. Ова е ед­на прет­ста­ва на ко­ја пуб­ли­ка­та, бу­квал­но, не­ма да пре­ста­не да се смее. Ко­га раз­го­ва­ра­ме за ко­ме­ди­ја, јас овој тип прет­ста­ва го сме­там за вр­вен тип ко­ме­ди­ја. Прет­ста­ва ка­де што акте­рот мо­же да пра­ви сѐ, а ре­жи­се­рот да го спа­ку­ва та­ка ка­ко што тре­ба. Пог­лед­не­те го пла­ка­тот за прет­ста­ва­та, ете та­ква е! – ве­ли Дац за со­ра­бо­тка­та со Ан­дреј и со еки­па­та.

001

Име­то Цве­та­нов­ски но­си и бре­ме, но и пред­ност

Ан­дреј е ро­ден и рас­тен во се­мејс­тво во кое те­а­та­рот бил на пр­во ме­сто. Тој е син на ре­жи­се­рот Вла­де Цве­та­нов­ски, внук на Љу­бе Цве­та­нов­ски и на Јор­дан Плев­неш. Си­те до еден бар­до­ви во ма­ке­дон­ски­от те­а­тар и кул­ту­ра, вљу­бе­ни во ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, тра­ди­ци­ја, пи­шу­ва­ње.

– Тоа што сум син на Вла­де го чув­ству­вам ка­ко бре­ме, но, исто та­ка, тоа но­си мно­гу пред­но­сти во мо­ја­та еду­ка­ци­ја и во мо­јот жи­вот. Тој за ме­не бе­ше ка­ко еден вид про­фе­сор. И не са­мо за те­а­та­рот, ту­ку и ка­ко да би­деш чо­век. Бре­ме­то е го­ле­мо за­тоа што се оче­ку­ва од ме­не да ја про­дол­жам не­ка­ко таа фа­ми­ли­јар­на тра­ди­ци­ја. Се оби­ду­вам да не го чув­ству­вам тоа, тој то­вар што го но­сам. Да про­бам да го иско­ри­стам се­то тоа што сум го на­у­чил. Ед­на од глав­ни­те ра­бо­ти по­ра­ди ко­ја го од­брав овој текст е за­тоа што ја са­кам Ма­ке­до­ни­ја и неј­зи­на­та тра­ди­ци­ја, но, исто та­ка, са­кам и да ја пре­ис­пи­ту­вам. Тоа е не­што што го на­у­чив од мо­јот по­ко­ен та­тко. А, со бре­ме­то, ќе ви­ди­ме! Ќе по­ка­же вре­ме­то! – ве­ли Ан­дреј.

06

Тој ве­ли де­ка на­у­чил мно­гу ра­бо­ти од Вла­де за тоа ка­ко да пра­ви те­а­тар.

– Пр­во­то и нај­важ­но што го на­у­чив од не­го е де­ка тоа што го ра­бо­тиш тре­ба да го са­каш 100 про­цен­ти. Да си вна­тре во тоа 100 про­цен­ти. Да не фин­ги­раш. Ко­га вле­гу­вам на про­ба са­кам да се чув­ству­вам ма­кси­мал­но ра­до­сен. Та­му, на сце­на­та е ме­сто­то ка­де што се чув­ству­вам нај­ра­до­сен. За­бо­ра­вам на сѐ дру­го. Тоа е не­што што го имам на­у­че­но од та­тко ми. Исто та­ка, на­у­чив де­ка ре­жи­се­рот ка­ко дел од те­а­та­рот е слу­га на на­ста­нот. Од­нос­но, сѐ ќе истр­пи, са­мо да се слу­чи на­ста­нот. Има мно­гу анег­до­ти што ќе ги пам­там и кои ќе ми го раз­у­ба­ву­ва­ат жи­во­тот – се при­се­ту­ва Ан­дреј на со­ве­ти­те од та­тко му Вла­де.

Тој од ја­ну­а­ри е умет­нич­ко-про­грам­ски ра­ко­во­ди­тел во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја и е бла­го­да­рен што од те­а­та­рот го „тр­пе­ле“ овие два ме­се­ца до­де­ка ја под­го­тву­вал прет­ста­ва­та.

– Поч­ну­вам да вле­гу­вам во штос и во тоа пре­фр­лу­ва­ње од ед­но во дру­го. На по­че­то­кот бе­ше мно­гу те­шко. Му бла­го­да­рам на те­а­та­рот што ме тр­пе­ше овие два ме­се­ца да би­дам се­којд­нев­но вклу­чен и во про­це­сот на ор­га­ни­за­ци­ја и ра­бо­те­ње на те­а­та­рот и во ра­бо­те­ње на но­ва прет­ста­ва. По пре­ми­е­ра­та ќе се по­све­там мно­гу по­се­ри­оз­но на соз­да­ва­ње пред­ло­зи за след­на­та го­ди­на, функ­ци­о­ни­ра­ње на те­а­та­рот на сво­ја ре­пер­то­ар­ска по­ли­ти­ка и што по­ве­ќе пуб­ли­ка да го ви­ди тоа што го ра­бо­ти­ме. За­се­га сме пре­о­ку­пи­ра­ни со оваа пре­ми­е­ра, а сле­ду­ва­ат уште пре­ми­е­ри – ве­ли Цве­та­нов­ски.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра Маз­не­ва – Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top