| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ трипати била на вештачко оплодување?

marija

Животната желба на пејачката Марија Шерифовиќ е да стане мајка. Таа поради тоа трипати се подложила на вештачко оплодување. Бидејќи не успеала да затрудни, победничката на „Евровизија“ се разочарала и засега се откажува од потомство, па и се посвети на кариерата, објави „Ало“.

Членката на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ често истакнувала дека по триесеттата година ќе ја посети банката на сперма.

– Таа пред да замине за Америка во една приватна белградска клиника се обидела да ја оствари желбата за мајчинство. Кога не успеала, разочарана се упатила во Лос Анџелес, каде што има одлични експерти од ова поле. По два неуспешни обиди таму, таа се обесхрабрила и решила да и се посвети на кариерата. Се придружила на „Ѕвездите на Гранд“ и го објави албумот „Храбро“ – рекол соговорникот на овој весник.

marija2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top