Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ влезе во клубот„700“ откако денеска на турнирот во Дубаи славеше над Тунижанецот Малек Џазири и се пласираше во четвртфиналето. Со 2:0 (6:1, 6:2) за 65 минути игра, Ѓоковиќ славеше над Џазири и ја постигна 700. победа во кариерата.
Од активните тенисери повеќе победи од Ѓоковиќ имаат само Роџер Федерер (1067) и Рафел Надал (775).
Ѓоковиќ за пласман во полуфиналето ќе се бори со Шпанецот Фелисијано Лопез, кој славеше над Лукаш Росол од Чешка 6:3, 7:6.
Српскиот тенисер води со 7-0 во меѓусебните дуели против Шпанецот, тој минатата сезона го победи Лопез во четвртфиналето на УС Опен со 3:2 и на Мастерсот во Шангај со 2:0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.