| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најдобрите диети на познатите?

Ова се неколку диети кои ги практикуваат познатите од кои изгледаат одлично.

Пет оброци на ден, диета на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли практикува диета која содржи најмалку пет оброци на ден, наместо традиционалните три. Тоа е клучот за да се избегне напад на гладта. Оброците се состојат од овошје, зеленчук кои се свежи, и месо кое е приготвено на скара или печено со многу малку масло за јадење.

Рејчел Билсон практикува житарки

Младата атрактивна актерка Рејчел Билсон, гладта ја ублажува со житарки. Таа практикува секогаш во својата чанта да носи житарки и секогаш кога ќе почувствува глад зема од нив.

Високо протеинска диета на Џенифер Анистон

Актерката Џенифер Анистон практикува Аткинсова диета. Таа подразбира внесување на голема количина на протеини и строго е забрането внесувањето на не здрави јаглехидрати. Менито најчесто и се состои од јајца, риба, месо, и зеленчук.

Суви сливи за витката линија на Деми Мур

Освен тоа што внимава да не внесува високо калорична храна, Деми Мур пронашла решение за брзо согорување на калориите и надуениот стомак. Таа секојденвно јаде суви сливи кои се богати со антиоксиданси и освен тоа што на тој начин си помага при надуеност, исто така си овозможува убав тен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top