Диетски план кој ви овозможува да останете витки, додека јадете едно од животните мали слатки задоволства. Ќе изгледате и подмладено, бидејќи оваа диета помага и во намалувањето на брчките. Таа содржи седумдневен диетски план, кој вклучува појадок, ручек, вечера, и плус едно слатко и една вкусна ужина секој ден. Во текот на оваа диета потребно е да пиете најмалку 8 чаши течност дневно (вода, чај и кафе со млеко). Алкохолот не е дозволен. Исто така, се препорачува најмалку 30 минути пешачење секој ден. Повторете го ова мени 4 седмици, и изгубете дури 7 килограми.
ДЕН 1
Појадок: 30 гр. чоколадни снегулки со млеко. Едно парче овошје.
Ручек: Парче интегрален леб со една лажица немасен мајонез, 1/2 исечкано авокадо, мешана салата.
Вечера: 150 гр. соја сирење (тофу), боранија, зелка, еден кромид, бибер, и печурки динстани на малку рафинирано маслиново масло (додадете и малку вода и соја сос по свој вкус). Сервирајте со 50 гр. интегрални тестенини.
ДЕН 2
Појадок: 1 варено јајце со две парчиња интегрален тост.
Ручек: Било која бистра супа (не кремаста) и два тоста од интегрален леб со тенко намачкан eурокрем (Нутела).
Вечера: Туна со салата од една конзерва мешан грав, домат, зелена салата и кромид.
ДЕН 3
Појадок: 1 кесичка чоколадна овесна каша со млеко, и едно јаболко.
Ручек: 25 гр. младо сирење, и 4 ленти шунка ситно исечкани и помешани со сечкан домат, краставица, целер, зелена салата, и зачинето по свој вкус. Една крем банана.
Вечера: 4 мали парчиња печено пилешко, 2 компира со средна големина, и неограничена количина зелен зеленчук (сиров, варен, барен, или на скара). Една круша.
ДЕН 4
Појадок: Овошна салата од три вида овошје по желба. Една шолја нискомасен јогурт.
Ручек: Интегрална кифла со вишна, исечкан кромид пржен на тефлонско тавче во многу малку масло, шери домат, зелена салата и кечап.
Вечера: Еден припремен оброк под 350 калории (калориските таблици можат да ви бидат од помош). Еден ред црно чоколадо.
ДЕН 5
Појадок: Две парчиња интегрален тост со тенко намачкан Еурокрем или Нутела.
Ручек: Омлет од две јајца, 20 гр. немасно сирење, и една рака спанаќ подготвен на многу малку масло. Сервирајте со зелена салата. Едно Кит Кет чоколатце.
Вечера: Пилешко бело месо со неколку лажици пире, брокули и боранија. Едно јаболко, една лажица Нутела.
ДЕН 6
Појадок: Крофна со чоколадо.
Ручек: Компир со неколку лажици грав и зелена салата.
Вечера: Бакалар со 2 компира (средна големина) и зелка салата.
ДЕН 7
Појадок: Направете шејк од една банана и 2 дл. обрано млеко. Едно јаболко.
Ручек: Сендвич до 350 калории. Едно Марс чоколатце.
Вечера: Помешајте една конзерва грав со една конзерва домати, една главица кромид, и една помала тиквица. Сето тоа исечкајте го, посолете и додадете малку бибер и две лажици слатка пченка, и гответе додека сето тоа не омекне. Сервирајте со 1/2 шолја варен интегрален ориз.
Солени грицкалки – ужина:
1 лента шунка и нискомасно кисело млеко
1 варено јајце
1 шолја супа два кекса од ориз 30 гр.
пуканки (готвени без масло)
1 шолја кефир
Слатки грицкалки:
Крем банана
4 јагоди прелиени со тенок слој чоколадо
1 Манчмелоу
1 ред црно чоколадо
Топло чоколадо – една ќесичка (направете со топла вода и малку обрано млеко)
2 ресани Мало чоколадно млеко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.