Челси ќе ги одмери силите со Евертон во најинтересниот натпревар од четвртфиналето во англискиот Куп на ФА. Лондонскиот клуб во минатата рунда славеше убедливо над Манчестер сити, кој настапи со значително подмладен состав, но избраниците на Гус Хидинк ќе имаат значително потешка задача на „Гудисон парк“, каде што Евертон сигурно ќе стори се за да се пласира во полуфиналето.
Манчестер јунајтед вечерва го игра последниот осминафинален натпревар, на гостински терен против Шрусбери, а победникот од овој меч во четвртфиналето ќе го пречека Вест хем. Арсенал ќе мора да игра повторен дуел со Хал, а „топчиите“ во случај на триумф во следната рунда ќе го пречекаат Вотфорд.
Во последната четвртфинална пресметка Рединг ќе го пречека тимот на Кристал палас.
Натпреварите од четвртфиналето во Купот на ФА на Англија се закажани за периодот од 11 до 14 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.