Пет лица се мртви по пукотницата во ресторан во Кенија. Счпоред локалните медиуми вооружани напаѓачи нападнале еден ресторан во кенискиот град Гариси и убиле најмалку пет луѓе. Според Ројтерс има и повредени лица, но се уште се чека официјална информација од полицијата која е на местото на злосторството.
Во Кенија се изведени многу вооружени напади , откако војската е испратена во соседната Сомалија на крајот од 2011 година ,за да помогне во неутрализирањето на екстремните групи на Ал Шабаб поврзани со Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


