Германската канцеларка Ангела Меркел денеска пред почетокот на самитот на ЕУ изјави дека сака се да направи за Велика Британија да остане во Унијата.
– Имаме уште работи кои треба да бидат разрешени, но одиме со ставот дека сакаме се да направиме за да создадеме услови Велика Британија да може да остане дел од ЕУ. Од германски аспект тоа е важно, но секако граѓаните на Велика Британија ќе одлучат, посочи Меркел.
Таа осврнувајќи се на мигрантската криза наведе дека на ЕУ и е потребна посилна заштита на нејзините надворешни граници.
Самитот на земјите-членки на ЕУ треба да почне околу 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.