| четврток, 6 декември 2018 |

Јаневски: Притворите на Заев

Зоран Заев бил револтиран од тоа што не е одреден притвор за Гордана Јанкуловска, Миле Јанкиески, Едмонд Темелко и останатите од театарот со многу фризури и кармини на Kатица Јанева. Па заклучи дека штом е така, немало потреба и другите што во овој момент се притворени да останат во четири ѕида, пишува Дарко Јаневски во неговата најнова колумна „Притворите за Заев“.

janevski9-500

Интересно, тоа е човекот поради кого во времето на „Глобал“ СДСМ протестира пред судот. Па потоа човекот кој не се јавуваше секоја недела во судот поради „Пуч“ за што на кој било друг во земјава би му бил одреден притвор. Ако не се придржуваш до полесната мерка на претпазливост, се одредува потешка. Тука нема голема филозофија. Тоа е човекот што не доаѓаше на рочиштата на „Пуч“ за што исто така за секој друг во оваа земја би било побарано стражарно приведување. Тоа е човекот кој е обвинет во „Поткуп“, а исто така не му одреден притвор, сеедно што тој и натаму ја врши функцијата градоначалник на Струмица и може да го повтори делото, пишува Јаневски.

Значи, има дузина ситуации во кои на Зоран Заев му било прогледувано низ прсти. Настрана аматерското однесување на сите од ВМРО-ДПМНЕ кои не му поднесоа тужби за објавувањето на незаконските снимки, кривично дело кое тој од ден на ден го повторуваше. И, навистина, ако се следат примерот и односот на судството кон Зоран Заев, нема никаква причина некој друг во оваа држава да биде во притвор. Освен оние што се обвинети за дела против животот и телото или тероризам, анализира Јаневски во својата колумна „Притворите на Заев“.

Но, колапсот на Македонија како правна држава се гледа токму во ова. На крајот дојдовме во ситуација токму тој човек кој од позиција на партиски лидер со странска заштита, човек кој претендира да дојде на власт, а кому во низа ситуации му е простено од судот, да врши притисок врз истиот суд и јавно да го прозива поради тоа што не донел одлука за притворање на оние за кои глумиците Јанева и Фетаи отворија истраги.

Сето ова прилично личи на ситуацијата кога од неговата партија своевремено ни тврдеа дека тендерите во Струмица доделени на сите роднини на Заев се пример за законско работење наспроти сите други во оваа држава кои се криминалци, крадци и бандити. Е, како тоа може? Може. Kаде? Во Македонија, разбира се. А кај и да е, ќе почне кампањата за изборите кога кој ќе стигне ќе се колне во правна држава. Но, кога веќе може чифт амбасадори да ја владеат државата наместо оние што народот ги избрал на избори, тогаш зошто да не помине и другово. Се извинувам, тоа се истите што ни кажаа дека ОБСЕ требала да реши (заедно со ДИK) дали ќе има избори на 24 април? Kоја ОБСЕ? Таа што има мисија во Скопје? Kоја е таа држава?, пишува Јаневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top