| четврток, 6 декември 2018 |

Фајман: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ и дека очекува Германија да ги следи чекорите што ги презема Австрија за запирање на бранот бегалци.

varner-fajman-640x294

Фајман во интервју за виенскиот дневник „Курир“ вели дека Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се пред предизвик бидејќи Грција не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница, но дека Македонија, која не е членка на ЕУ, не може да биде надворешна граница на Унијата.

Австрискиот канцелар смета дека Германија наскоро ќе ја промени својата политика кон бегалците следејќи го австрискиот пример.

– Австрија презеде чекори имајќи ја предвид реалноста, а такви чекори ќе преземе и Германија. Уверен сум дека наскоро повторно ќе бидеме усогласени – истакнува Фајман.

Австрија на почетокот на бегалската криза беше меѓу најблиските сојузници на Германија. Но, поради огромниот бран бегалци во двете земји се зголеми внатрешнополитичкиот притисок со барање границите да се затворат. Австрија воведе ограничување на приливот бегалци, кое за годинава предвидува само 37.500 барања за добивање азил. Виена воведе и квота за пропуштање на максимум 3.200 бегалци што сакаат да добијат азил во некоја друга европска земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top