Според метеролозите просечните температури нема да се спуштат под 7 степени, а максималните дневни температури ќе се движат до 24 степени целзиусови.
Метеоролозите на “Weather”Umbrella” велат дека смената на сонце и дожд ќе се одвива се до крајот на февруари.
– До крајот на месецот ќе има натпросечни температури за овој период од годината, проследени со сонце и дожд. Во следните денови температурите ќе се движат и до 24 степени, а најниската температура ќе изнесува 7 степени. За февруари тоа е многу потопло од вообичаено, велат метеоролозите.
Но, според нив крајот на зимата сеуште не се гледа.
– Честата промена на топли и свежи денови ќе трае се до крајот на феврураи, а потоа Баба Марта ќе изненади. Веќе во првите денови од март не очекува уште еден зимски бран. Утрата ќе бидат студени со мраз и температура околу нула, а на поедини места ќе биде минус, додека максималната температура нема да се качи повисоко од 6 степени. Во тие денови можни се врнежи, а на планините снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.