Поранешниот фрацуски претседател и актуелен лидер на опозициската партија Републиканци, Никола Саркози е обвинет за илегално финансирање на својата изборна кампања за претседатеоските избори во 2012 година, дело за кое е превдидена парична казна од 3.750 евра и една година затвор.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, вчерашниот ден Саркози го мина на распит кај истражни судии, кои по двегодишна истрага му забележуваат дека го надминал дозволениот праг за финансирање на претседателската изборна кампања, кој во Франција е ограничен на 22,5 милиони евра.
Завршната сметка од изборната кампања на Саркози беше отфрлена од Комисијата за проверка на финансирањето на изборите, одлука која птоа ја потврди и Уставниот совет. Сметката беше отфрлена, бидејќи се покажало дека Саркози потршил нешто повеќе од 1,5 милиони евра од дозволеното.
Но, француските медиуми објавуваат дека поранешниот француски претседател всушност потрошил речиси двојно повеќе од дозволеното, односно дека тој го надминал прагот за финансирање на изборната кампања за сума која се движи од 18 до 30 милиони евра.
Одлуката на судиите да покренат обвинение против Саркози, доаѓа во многу лош момент за него, кога тој се подготвуваше да ја истакне својата кандидатура за претседател на Франција, откако неговата книга за неколку недел се продаде во 100 000 примероци, а и разликата со неговиот главен ривал во партијата Алан Жипе започна да се топи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.