| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи ќе ја претстави евровизиската „Дона“

image 03Македонската песна за евровизија, „Дона“, дело на Калиопи и на Ромео Грил, наскоро, на 7 март ќе биде претставена во специјално евровизиско шоу на МТВ1.
Калиопи на 61-тото издание на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм, Шведска, по втор пат ќе ја понесе Македонија кон евровизискиот врв.
Автор на музиката и аранжманот на евровизиската песна „Дона“ е композиторот Ромео Грил, којшто воедно е и продуцент на истата, а текстот на песната го напиша Калиопи. Песната „Дона“ ќе биде изведена на македонски јазик.
Изборот за Песна на Евровизија годинава ќе се одржи на 10-ти, 12-ти и 14-ти мај во арената Глоб во Стокхолм, а Калиопи ќе настапи во второто евровизиско полуфинале. Точниот редослед на настап на секоја од земјите учеснички ќе биде утврден по завршувањето на средбата на шефови на делегации, закажана за 14-ти март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top