Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко од денеска е помошник тренер на селекторот на украинската репрезентација Михаил Фоменко.
Шевченко ќе го замени Александар Заваров кој во претходниот период ја извршуваше функцијата асистент на Фоменко.
– После четири години одмор од фудбалот се враќам како тренер. Во минатото работев со Валериј Лобановски, Карло Анчелоти и Жозе Мурињо и верувам дека стекнав богато искуство – изјави Шевченко.
Рекордерот по бројот на постигнати голови за својата земја, ќе му помага на селекторот Фоменко во текот на европското првенство 2016 година, а не е тајна дека фудбалската федерација на Украина со овој потег го подготвува популарниот Шева за наследниот на актуелниот селектор.
Украинскиот фудбалски сојуз му го понуди селекторското место на Шевченко уште во 2012 година, но тогаш поранешната ѕвезда на Милан ја немаше стекнато тренерската лиценца.
Во текот на кариерата најголема трага остави во црвено-црниот состав на Милан со кој ја освои Лигата на шампионите и се заќити со титулата златна копачка.
Украина на предстојното европско првенство е во групата Ц заедно со репрезентациите на Германија, Северна Ирска и Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.