Последната година имаше револт кај сите Македонци во Пустец бидејќи дури и лидери на главна политичка партија зборуваа за Пустец.
Во врска со гласачите од Пустец, градоначалникот на општината Едмонд Темелко зборуваше во своето гостување во емисијата „Ја сакам Македонија“.
-Последната година имаше револт кај сите Македонци во Пустец бидејќи дури и лидери на главна политичка партија зборуваа за Пустец. Тоа се почувствува кај цело тамошно македонско население и беше лошо зашто ние сме тие „виновни“ што некоја партија не доаѓа на власт во Македонија и излегува како Пустец да е поголема од најголемата општина во Македонија, иако има 3.500 активни жители. Неколку пати правевме состаноци и се дискутираше да излеземе со реакција дека не треба да бидеме предмет на политичките битки во Република Македонија. Ние секогаш тргнуваме од тоа дека другите нации ќе кажат дека е срамно да се жалиш од својата држава, а се сметаме таму како заштитени и имаме зад нас матична држава. Не можам да се зачудам како може толку да се спуштат и тоа го кажав на едно интервју. Не знам дали ова е некоја антимакедонска кампања, зашто како што има Македонци што имаат уредни документи и државјанство, има и Албанци што гласаат во Македонија во Кичево. Тоа е апсурд – нагласи градоначалникот Темелко.
Тој го постави прашањето дали двојното државјанство е доволен повод за некој да биде приведен.
Градоначалникот на Пустец во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ објасни дека полицијата без налог му ставила лисици пред малото дете.
-Ме уапсија полицајците без да покажат налог, жена ми им ја турна вратата, дури потоа кажаа дека се полиција и ја покажаа значката. Не ме оставија ни да се облечам, цело време одеа по мене – вели Темелко.
Тој вели дека неговото малолетно дете било истрауматизирано од начинот на апсење од страна на полицијата.
-Ги прашав дали имаат налог и како може така без ништо да ме апсат. Дури тогаш ми покажа еден документ потпишан од СЈО на кој пишуваше, да се лиши од слобода. Ме земаа прво и ме донесоа во Ресен, а потоа во Битола. Најтрагично беше тоа што и детето беше кога излегов од станот и ми ставија лисици и цело време го гледаше тоа и доби траума, бидејќи сакаше да покаже сила началникот – истакна Темелко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%