| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Завивањето на волкот“ од Аг Аполони

Во Културно-информативниот центар Скопје, во салонот, 19.19. во понеделник, 15 февруари, во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Завивањето на волкот“ од еден од најдобрите косовски прозаисти, Аг Аполони.

4fd5194f-37b0-41ee-8e5e-d1b03bb011c3

Романот „Завивањето на волкот“ е објавен со подршка на Министерството за култура, во превод на Мирјана Илиева Јашари, во рамките на едицијата за современа проза Контемпоранеа на издавачката куќа Готен.

Аг Аполони (1982) е професор по книжевност на Приштинскиот Универзитет и главен уредник на културната ревија „Симбол“. Награди за книга на годината добил за поетската збирка Зомби (2009), за научната студија „Парадигмата на Протеј“ (2012) и за романот „Завивањето на волкот“ (2013).

Романот „Завивањето на волкот” на Аг Аполони обработува тема за исчезнатите, за социјалната и политичка мизерија, образовното воспитување, религиозните дефекти, историските мистификации, псевдо дисидентите како и за љубовта и други бесмислици. Но, исто така и за болните разделби на живите со мртвите. Автобиографскиот роман е исполнет со очај и гнев, проследен и со доза на хумор, со многу референци од музиката, сликарството, филмот и театарот. Настаните се одвиваат во Косово, Македонија, Албанија, Црна Гора, Италија и Виена, каде е и завршен романот.

Романот е спој од расказ, дијалог и есеј, со маратонска прошетка низ различни области на уметноста и на животот. Затоа, минувањето на поединецот низ разни перипетии се демонстрира преку извадоци земени од песни или филмски секвенци дури и преку контекстуализација на мотивите од различни сликари, со што се создава потребната аналогија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top