| четврток, 6 декември 2018 |

Божовиќ нема дилеми, Бабунски сериозно се наметнува за првиот состав

david babunski

Тренерот на Црвена Звезда, Миодраг Божовиќ и тоа како е задоволен од перформансите на македонскиот репрезентативец Давид Бабунски кој се посериозно се наметнува како еден од идните „мотори“ на „црвено-белите“.

Божовиќ пред еден месец со скепса го дочека доаѓањето на Бабунски во Белград, но по подготвителниот период, и посебно последните три пријателски натпревари, максимално го промени мислењето. Давид Бабунски одигра одличен натпревар на средината од теренот на вчерашниот пријателски натпревар на Црвена Звезда против Кубан, по што е во прв план кај Божовиќ за стартниот тим на белграѓани за почетокот од пролетниот дел од сезоната.

– Давид Бабунски сериозно се наметнува за првиот тим. Ги покажа своите квалитети кои ги посакувавме и очекувавме. Нема дилема кој ќе го почне натпреварот следниот викенд против Младост Лучани. Остануваат уште финалните подготовки. Уште не сме 100% подготвени, но мислам дека плеј-офот сите фудбалери ќе го дочекаат во идеална форма – истакна Божовиќ.

Црвена Звезда е на првото место во Супер лигата на Србија со 62 бода, 25 повеќе од Борац и Чукарички, а 26 бода повеќе од Партизан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top