Турција го затвори граничниот премин Пазаркуле-Кастаниес на границата со Грција кај градот Едрене поради протестите на грчките земјоделци.
Не е дозволено преминување на автомобили и пешаци и во двете насоки, јави БТА.
Другиот граничен премин Ипсала помеѓу Турција и Грција, пак, беше затворен за движење на товарни камиони.
Одлуката е донесена поради протестите на грчките земјоделци кои ги окупираа граничните премини на Грција, се истакнува на интернет страницата на турската Дирекција за царина и трговија Тракија.
Сепак патници кои не знаеле за ситуацијата, во утринските часови беа дојдени со своите автомобили на Пазаркуле за да преминат на грчка територија. Тие беа принудени да го променат правецот и да го користат другиот граничен премин Ипсала.
Не се соопштува до кога ќе граничниот премин ќе остане затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска