Данецот Александер Лингард е стрелец на најубавиот гол во оваа натпреварувачка сезона на терените во Европа, откако постигна неверојатен погодок на дуелот Сент Рафаел – Монпелје.
Мечот беше на добар пат да заврши без победник, при резултат 27-27 домаќините тргаа од центар и имаа само три секунди. Времето беше премалку за да се создаде ситуација за чист шут, па данскиот пивот си ја проба среќата, и шутна веднаш од половина терен. Голманот Жерар, инаку резерва на Омејер на последниот европски шампионат, и самиот беше шокиран и не успеа да ја запре топката, која заврши во горниот агол од неговиот гол, за огромна радост на домаќините.
L’incroyable but victorieux du milieu de… by LNH
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.