Висок крвен притисок е најчестата дијагноза во Македонија. На хипертензија се жалеле најголем дел од 1.357.900 пациенти кои во 2015 година биле на лекар, покажуваат податоците од системот „Мој термин“.
Според статистиката од електронскиот систем во здравтвото лани биле креирани околу осум милиони упати, а биле пропишани близу 20 милиони и 619 илјади рецепти. Најмногу лекови пиеле граѓаните од 65 до 70 годишна возраст, но терапија им била дадена и на пациенти на 96 години, од друга страна за деца до 7 годишна возраст биле издадени околу 600.000 рецепти.
Најголем дел од терапијата била за пациенти со хронични заболувања, а 2 милиони и 800 илјади рецепти биле за граѓани со акутни состојби. Лани биле издадени и 41 илјада наркотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.