Меѓу загадувачките фактори се вбројува и преголемата бучава, предизвикана од сообраќајот, а којашто често претставува ризик од хипертонија, тврдат авторите на истражувањето.
Според нив, луѓето кои живеат во области со позагаден воздух, се поизложени отколку оние кои живеат во почисти средини.
Хипертонијата пак, е фактор на ризик за срцево-артериски заболувања. Никој од испитаниците првично немал висок крвен притисок, но како што истражувањето течело, бројките покажувале дека 6.207 лица, односно 15 отсто посочиле дека им се појавила хипертонија, што им налага да земаат лекарства за снижување на притисокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.