Македонскиот ракометен првак Вардар загуби минимално (28-27) од Некар Ловен на гостувањето во Франкфурт. „Црвено-црните“ имаа водство на полувремето, имаа и напад за израмнување во самата завршница од дуелот, но Матјаж Брумен не успеа да го искористи. Тренерот Раул Гонзалез смета дека Вардар се претстави во добро издание и дека заслужи да освои бод.
– Одигравме квалитетен меч, иако имаше и осцилации во играта. Тешко е да се игра и да се оствари успех на гости во Лигата на шампионите. Но, имавме и водство во текот на натпреварот, покажавме дека можеме да се носиме, иако за жал на крајот загубивме. Сметам дека со играта заслуживме да освоиме еден бод во Франкфурт. Сега останува се свртиме кон следните предизвици и да се обидеме да победиме на следните натпревари во Лигата на шампионите – изјави тренерот на РК Вардар, по поразот од Рајн Некар Ловен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.