| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со минимална предност по првото полувреме против Рајн-Некар

vardar-1

Екипата на РК Вардар по двомесечна пауза ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Во рамките од 11.коло македонскиот шампион гостува на жешкиот терен кај Рајн-Некар.
По првото полувреме иако со десткуван состав и отуство на неколку првотимци, „црвено-црните“ имаат минимална предност од 15-14.
Рајн-Некар имаше предност само во почетните неколку минути, но вардарци со брза игра и одлични индивидуални акции на Дујшебаев, Циндриќ и Горбок ја анулираа предоста и во еден момент од полувремето дојдоа и до три гола предност.
Иако примија многу погодоци, избраниците на Раул Гонзалес не му дозволуваат на противникот лесни голови. Штребик на голот фати шест топки во обидите на Германците да дојдат до израмнување или до предност во финишот.
По тајмаутот на Гонзалес Вардар повторно создаде три гола разлика (15-12) и имаше можност и за повеќе, но македонскиот репрезентативен голман на Рајн-Некар, Борко Ристовски кој влезе во игра во последните 10 минути успеа да одбрани три чисти удари кон неговиот гол.
Во составот на Вардар Алекс Дујшебаев постигна четири гола, Горбок, Тоскиќ и Шишкарев по два.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top