| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Поповиќ: Ме дискриминираат затоа што сум Србин

milan popovic

Третпат по ред Жупанскиот суд ме потценува како законски старател и татко и го скратува моето законско право да се грижам за своето дете рамноправно со неговата мајка. Вака Милан Поповиќ ја коментира одлуката на хрватскиот суд неговиот син Александар повторно да оди во приватната градинка, во која неговата мајка Северина го запиша без консултација со бизнисменот.

– Иако хрватскиот систем од една страна важи за судство со највисоки стандарди за заштита на децата, судејќи по се, тоа е само декларативно. Одлуките како оваа го потврдуваат само спротивното, пораз на рој систем, бидејќи основното правило на заедничкото старателство во пракса редовно се крши. Никогаш не сум правел разлика меѓу луѓето од различна вероисповед, националност и боја на кожа, но почнувам да верувам дека одлуките на Жупанскиот суд можеби имаат врска со моето потекло и затоа што сум Србин – вели ПОповиќ за „Блиц“.

Според него, со овие дискриминациски пресуди на судот се стекнува впечаток дека таткото треба да биде само повремен посетител на детето и добар платеник на алиментација.

– Сигурно дека правдата ќе ја барам и пред најголемите судски институции на Хрватска, но само како вовед во проблематиката на ова прашање и пред Европскиот суд во Стразбур и другите највисоки институции во Советот на Европа и Европската Унија. Верувам дека многу татковци на подрачјето на бившата држава и целиот регион имаат вакви слични проблеми и сигурен сум дека многу добри, но дискриминирани татковци имаат што да кажат на оваа тема – вели тој за „Блиц“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top