| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни 300 милиони фунти за нови засилувања во Манчестер јунајтед

murinjo

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по доаѓањето на клупата на „црвените ѓаволи“ на 1.јули ќе има на располагање неверојатни 300 милиони фунти за нови засилувања за следната сезона.

Овие средства треба да бидат потрошени на проверени фудбалски ѕвезди кои можат да го сменат текот на настаните во јунајтед, по лошите резултати во последните три години.
Откако на клупата седна Луис ван Гал, најтрофејниот премиерлигаш потроши огромни финансиски средства, но најмногу што успеа да направи е да се врати во Лигата на шампионите по едногодишна пауза.

Неофицијално, Мурињо има пет големи желби: Нејмар, Единсон Кавани, Пол Погба, Томас Милер и Рафаел Варан и се надева дека со 300 милиони фунти (околу 420 милиони евра) може да ги донесе сите нив. Последните години, парите воопшто не се проблем за Манчестер Јунајтед бидејќи клубот потпиша екстра богати договори со американската компанија за производство на автомобили Џенерал моторс за брендот Шевролет и германската компанија за спортска опрема Адидас. Само од нив, годишно клубот заработува над 150 милиони евра.

Договорот на Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед се уште не е официјално објавен, но Дејли меил вчера објави дека тој им се пофалил на своите пријатели за новата работа од претстојното лето.

– See more at: http://sportmedia.mk/megjunaroden-fudbal/anglija/kje-bide-vozbudlivo-na-old-traford-murinjo-dobiva-300-milioni-funti-za#sthash.cd0QcyV6.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top