Предлозите на Обрадовиќ оделе отприлика по овој редослед:
„Исти детињства“, „Лифтекспрес“, „9 по Меркалију“, „Атомско склониште“… Стој, рекол Лангер, тоа е вистинското име!
Тогаш Обрадовиќ рекол дека тоа бара и одредена насока на групата и така започнало. А кој би рекол дека на се влијаело името на една безизлезна театарска претстава која ја држел Обрадовиќ пред десетина години и на која се читала антивоена поезија.
Спротивни примери, каде прво е смислена текстуална и музичка ориентација, па потоа барано име во согласност со планираните проексти има многу малку.
На некои групи, барем според името, главна забава им е храната. Ги има сосем доволно за едно комплетно мени.
Предјадење се легендарните „Леб и сол“. Името настанало според стариот македонски обичај кога гостите влегуваат во куќата да им се понуди леб и сол, а нашите јунаци едноставно не успеале да се сетат на ништо попаметно.
Потоа следува топлото предјадење или „Рибља чорба“.
Главно јадење би можеле да бидат „Пекиншка патка“, кој името го добиле од шега: Пекиншка патка во карамел сос со две мандарини.
За десерт следуваат „Дивље јагоде“. Липовача сакал некое овошје, но со нежното име да оди и нешто контра или диво, па јагодите му биле некако најсоодветни.
Меѓутоа, сите имиња не настанале според храна. Некои од рокерите ги креирале имињата според убава поезија.
Пример за тоа е „Азра“, која го добила името по песната „Азра“ на големиот поет Хајне.
„Прљаво казалиште“ е термин кој Јасенко Хоура го пронашол читајќи го „Алан Форд“.
Некои групи имале готови песни пред да го смислат името.
„Парни ваљак“ по својот хит: „Ја сам парни ваљак, пази да те не подвалим“, а „Бјело дугме“ по песната „Кад би био бјело дугме“, која ја имале уште од времето кога се викале „Јутро“.
Најкафанско име има нишката „Галија“. „Галија е седиште на нишките уметници, боеми и останати луѓе кои немаат многу пари. Момците една вечер седеле во кафана и смислувале име, а тогаш одлучиле групата да ја наречат по своето омилено збиралиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.