По повод денот на виното и вљубените, во сабота, (13 февруари), со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет ќе биде изведена најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“, од германскиот композитор Карл Орф. „Кармина Бурана“ со пораката: „Среќата да биде владетелка со светот“, со право ја нарекуваат кантата на XX век.
Овој пат „Кармина Бурана“ ќе има специјално режирана концертна изведба. Во изведба на солистите Наде Талевска Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон), и во придружба на хорот и оркестарот на МОБ. Режисер е Дејан Прошев, а диригент, Иван Еминовиќ.
Билетите по цена од 300, 400 и 500 денари можете да ги купите на билетарницата на МОБ, тел. 02/ 3 118 451, online на www.mob.com.mk и низ продажната мрежа на www.mktickets.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.