Холивудската ѕвезда Мерилин Монро имала посебен режим на исхрана. Во интервју за еден американски магазин од 1952 година, познатата убавица открила како се храни, а, исто така, го открила и рецептот за магичната напивка што ја пие наутро пред туширање и подготвување за својот работен ден.
– Начинот на кој се хранам многумина го нарекуваат бизарен, но јас мислам дека грешат. Пред да се истуширам пијам филџан топло млеко со две изматени јајца и ова го пијам додека се подготвувам за работа. Понекогаш земам и витамински апчиња со оваа напивка. За вечера практикувам јагнешки котлети што ги печам во рерна. Со месото како прилог јадам и морков, (што го обожавам) објаснила актерката и додала дека била мошне задоволна од сопствената исхрана – изјавила Монро.
Многумина тврдат дека овој начин на исхрана потсетува на палео диетата што е исклучително популарна диета во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.