| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо од следната сезона на клупата на Манчестер јунајтед

murinjo

Жозе Мурињо ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед, но португалскиот стратег ќе се пресели на „Олд трафорд“ дури по завршувањето на оваа сезона. Екс-стратегот на Челси веќе разговарал со своите поранешни соработници, кои сака да ги доведе со себе и во новиот клуб, при што им порачал дека договорот со „црвените ѓаволи“ е веќе постигнат и дека тој од летово ќе застане на чело на најтрофејниот англиски клуб.

Ова го тврди британскиот весник „Дејли мејл“, повикувајќи се на извори блиски до трофејниот стручњак. Мурињо е без работа од декември, кога доби отказ од Челси. Во меѓувреме тој најави дека е подготвен за камбек во фудбалот, потенцираше и дека англиската лига најмногу му се допаѓа поради силната конкуренција, па како што стојат работите, неговиот следен ангажман повторно ќе биде на „островот“.

Луј ван Гал во неколку наврати беше на чекор до отказ, но челниците на Манчестер јунајтед сепак наоѓаа разбирање и му даваа нова шанса. Сепак, одлуката за негово заминување е веќе донесена, pa Ван Гал ќе го напушти „Олд трафорд“ во јуни, две години по доаѓањето, период во кој „ѓаволите“ не направија ништо особено, а со неатрактивниот стил на игра само ги разочараа своите верни фанови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top