Во Музеј на град Скопје, в среда (10. февруари), во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Биљана Филиповска.
Изложбата претставува ретроспективен пресек на архитектонското и дизајнерско творештво на архитект Биљана Филиповска. Во изминатите 40 години нејзиното творештво брои голем број проекти, од кои 30-тина се позначајни, а повеќето од нив се и реализирани. На изложбата, преку дизајнирани паноа, ќе бидат презентирани одбир на најзначајни проекти и реализирани објекти со кои Билјана Филиповска, самостојно, или со соработници во тим, оставила значаен белег на македонската архитектонска сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.