| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите од Кина што студираат во Штип прославија кинеска Нова година во штипската библиотека

Студентите од Кина кои се дел од програмата за размена на студенти, веќе два месеца го учат македонскиот јазик на Филолошкиот факултети на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Студентите од Факултетот за меѓународни студии и Институтот за јазици од универзитетот Хебие од Република Кина, вчера, 8 февруари, во штипската библиотека организираа Мултимедијален перфоманс во чест на кинеската Нова година.

Пеејќи традиционални кинески песни и преку презентација, студентите од Кина ја промовираа својата култура, со што изразија и благодарност за гостпримливоста на македонскиот народ.

– Јас сум импресионирана од македонскиот народ и морам да кажам дека Македонија е навистина убава земја, како што е и градот Штип – рече Лиу Јанг студент од универзитетот Хебие, Р.Кина.

Деканот на Филиолошкиот факултет при УГД-Штип, Драгана Кузмановска, посочи дека студентите од Кина заедно со своите колеги од штипскиот универзитет денеска заеднички ја прославија месечевата кинеска Нова година.

– Студентите од Кина престојуваат на нашиот факултет веќе неколку месеци со цел да го изучат македонскиот јазик. Во текот на овој семестар тие го совладаа македонскиот јазик на ниво А1, а се надевам дека во вториот семестар ќе го совладаат нашиот јазик на ниво А2 – рече Кузмановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top