Според Kинескиот хороскоп, 2016 година ќе помине во знакот на Црвениот мајмун. Што кажува Хороскопот за родените во знакот на мајмунот, што е значењето на елементот оган и црвената боја?
На 8 февруари ја испраќаме годината на овцата и ја пресретнуваме годината на мајмунот. Истата ќе трае до 27 јануари 2017-та.
Мајмунот како Хороскопски знак
Мајмунот е деветтиот знак од кинескиот хороскоп. Бројот 9 се поврзува со стремеж и активност. Луѓето родени под знакот на мајмун, тие се интелигентни и амбициозни. Ги сакаат предизвиците и даваат се од себе за да се справат одлично со секоја задача.
Сакаат секогаш да се први во сè, иако не парадираат со своите вештини. Родените во знакот на мајмунот се живи, флексибилни и се прилагодуваат многу лесно. Верни партнери се и поради тоа се радуваат на среќен семеен живот.
Меѓу негативните квалитети на родените во знакот на мајмунот се егоизам и ароганција. Од време на време се и љубоморни.
Во кинескиот календар има и 5 елементи кои се директно поврзани со секој знак и се тие се – метал, вода, оган, дрво и земја. Во 2016-та елементот е оган, а тое е директно поврзан со црвената боја.
Броеви кои носат среќа на родените во знакот на мајмунот се 1, 7 и 8. Боите кои носат среќа на родените во знакот на мајмунот се бела, сина и златна. Хризантема е цветот на овој знак.
Познати личности родени под знакот на мајмун: Чарлс Дикенс,, Леонардо да Винчи, Селин Дион, Том Хенкс, Вил Смит, Жизел Бундхен, Кристина Агилера, Елизабет Тејлор, Хали Бери, Даниел Крег
Што да очекуваме во 2016 – Годината на мајмун
2016-та ќе биде година на радости, на среќа и на доста изненадувања. Се очекува да биде исполнета со позитивни настани. Годината е погоден за големи семејни собири.
Годината на мајмун е погодна за започнување на нови потфати. Дури и да излегуваат некакви пречки, брзо ќе бидат надминати.
Годината на мајмун е погодна за започнување на нов бизнис, но е потребно да бидете внимателни при изборот на партнер.
Комбинацијата меѓу елементот оган и знакот на мајмун предизвикува доста промени во сите сфери на животот, накратко – очекувајте го неочекуваното. Непредвидливиот мајмун би можел да донесе позитивни и негативни промени во сите сфери на животот.
Успех ќе имаат само оние кои ќе се потрудат за најдобри резултати. Среќата има мала улога за настаните во годината на мајмунот.
Годината на мајмунот ќе биде полна со обврски на професионален и личен план и поради тоа е можно акумулација на стрес. За да се справите, потребно е да најдете начин да ги елиминирате тензиите. Годината е погодна за интензивна физичка активност – започнете танцување, фитнес или некој спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.