| четврток, 6 декември 2018 |

Што ни носи годината на Козата?

Од вчера, според кинескиот календар, почна годината на хороскопскиот знак Коза. Ова животно во нивната култура е симбол на мир, нежност и на уметност, што значи се очекува година без војни и расправии

Според кинеската култура и традиција, во наредните месеци може да се очекувате изливи на креативност, помирување со блиските и да им се радуваме на можностите за поправување на грешките. 

Козата, исто така, е пасивно, но нежно животно, па Новата кинеска година ќе донесе потреба за спојување на силите во име на добротворноста. Знаците кои веруваат во добрина, радост и успех ќе добијат уште повеќе можности и животни шанси во наредната година.

Годината на Козата ќе делува позитивно врз семејните врски и ќе поттикнува заедништво, лојалност и дисциплина. Кавгите брзо ќе се надминуваат и емоционалните рани брзо ќе заздравуваат. Затоа, на сите им се препорачува да ја искористат можноста за извинување и барање прошка, со цел да ги исправат меѓусебните односи.

Козата како симбол на уметноста за следната година предвидува успех за сите кои се занимаваат со креативни професии.

Животот е убав“ е омилено мото на романтичните Кози, кои лесно се вљубуваат, но и брзо губат интерес. Во нејзината година се можни еуфорични вљубувања и грандиозни љубовни приказни.

Хармонијата на Козата ќе биде нарушена двапати во текот на кинеската година: од 20 март – 20 април и од денот на зимската краткоденица до 20 јануари 2016 година.

Во знакот на Козата се луѓето родени во 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991 и во 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top